Радио Милева посебен ден

Иако сакаа да го сокријат овој интимен чин, сепак протече фотографија од крштевката на ќерката на Петар Грашо (фото)

Иако сакаа да го сокријат овој интимен чин, сепак протече фотографија од крштевката на ќерката на Петар Грашо (фото)

Откако Петар Грашо и Хана Хуљиќ добија ќерка кон средината на јули минатата година, нивна главна преокупација, најголема грижа и неизмерна радост е токму малата Алба, чии горди родители, според хрватските медиуми, во петокот на 17 февруари во Сплит, договорија крштевка во строга тајност.

Прославата беше организирана во ресторанот „Адриатик“ во Суштипан, каде што минатата година Петар Грашо и Хана Хуљиќ ја прославија својата венчавка, а на овој важен датум решија да го крстат своето бебе.

Први на гала прославата пристигнаа домаќините, а посебно внимание привлече Хана која блесна во раскошен гламурозен фустан држејќи ја малата Алба во рацете облечена како вистинска принцеза. Мајката на Хана Вјекослава Хуљиќ не се одвојуваше од ќерката и внуката, а со својата совршена модна комбинација, син фустан со длабок шлиц, доби и многу комплименти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @showbizz_fotke

Според упатените, се било организирано на највисоко ниво, а на прославата на која се очекуваше да има над 200 гости, присуствувале членовите на семејството и пријателите, како и многу познати личности, меѓу кои и пејачот Јошко Чагаљ Џоле и ѕвездата Јелена Розга, пишува „24 сата.“.

фото: Инстаграм/Петар Грашо/showbizz_fotke

To top