Бранка Соврлиќ и нејзиниот сопруг важат за еден од најхармоничните бракови, иако тој никогаш јавно не се експонирал. Тој секогаш ја поддржувал во нејзината кариера и останува нејзина најголема поддршка до ден-денес. Но, сега пејачката откри дали некогаш се сомневала во верноста на својот партнер.
– Сигурен сум дека никогаш не ме изневерил бидејќи знам дека сум незаменлива. Како што тој е сигурен во мене, јас сум сигурна во него – истакнала таа.
За потсетување, пејачката никогаш не криела колку паметен избор направила кога е во прашање брачниот партнер, а неодамна во емисијата „Сценирање“ на телевизија Курир откри детали од врската со сопругот.
– Знам да се ширам до каде ми е долга чергата. Среќена сум поради тоа бидејќи мојот сопруг никогаш ништо не ми бранел. Ова го видов кај некои мои колеги, кои зборуваа за тоа како нивните сопрузи им бранат за нешто. Купувам што сакам, но знам колку можам да си дозволам. Минатата година сопругот ме изненади за роденден бидејќи знае дека ми се допаѓа „мерцедесот“. Порано имавме мерцедес, па некои други коли и џипови. Ми купи некои од најновите кои сами се паркираат, бидејќи паркирањето секогаш им е проблем на жените – на шега изјави пејачката.
Фото: Принтскрин/Дамир Дервишаѓиќ