Радио Милева љубоморна

Милица Павловиќ проговори за Ана Николиќ: „Слушнав дека ме исмева за местото каде што сум родена“ (фото)

Милица Павловиќ проговори за Ана Николиќ: „Слушнав дека ме исмева за местото каде што сум родена“ (фото)

Популарната пејачка Милица Павловиќ во емисијата на Огњен Амиџиќ овој пат изјави дека Ана Николиќ и е љубоморна.

Таа тврди дека доживеала низа непријатности од колешката кој го исмејувала нејзиното потекло.

– Ана Николиќ зборува лошо за мене, слушнав дека ме исмева мене и местото каде што сум родена, како и моето потекло. Реков дека ќе одам на нејзиниот концерт како гостин, кај жената има многу добри песни. Навистина би дошла но, само ако ме покани лично – изјави Милица.

Популарната пејачка Милица Павловиќ ги сподели своите впечатоци од концертот кој го направи во Ниш, а за кој тврди дека бил спектакуларен.

– Концертот траеше два часа, никому не му беше досадно, а јас пеев во живо. Беше феноменално, благодарна сум на сите што беа со мене. Спектакуларно и уникатно. По четвртиот албум ќе има концерт и во Белград, тоа што го видоа луѓето во Ниш е само за нивните очи, а јас подготвувам нешто сосема друго за Белград. Имам публика од пет до сто години. Баба играше на концертот, многу ја поздравувам! Таа е хит на тикток! Инаку, афтер забавата траеше до осум часот наутро – изјави Милица Павловиќ во емисијата на Огњен Амџиќ.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top