Пред само неколку дена нашата позната поп-пејачка Тамара Тодевска за јавноста откри дека е во блажена состојба и на свет го очекува своето второ дете.
Иако за поголемиот број трудници, почетокот на бременоста знае да биде доста тежок, Тамара е благословена да ги нема тие слатки маки, па не ги заобиколува настапите.
Таа изминатиот викенд пееше на една приватна забава во Скопје заедно со колегата Панчо од ДНК, а за тој повод облече широко здолниште споено со макси сако.
Но, стомачето под здолништето веќе ѕирка, а мама Тамара нема проблем да игра и да се забавува – како што покажа преку објавите на социјалните мрежи.
Вториот благослов од Бога е на пат, а дали Хана ќе добие братче или сестриче, ќе дознаеме за неколку месеци.