Ќерката на Миле Китиќ, Елена Китиќ, гордо го покажа својот избраник, раперот Михаило Вујиќ, попознат како Микса.
Таа на нејзиниот Инстаграм профил објави фотографија со него, го означи и стави емотикон во форма на срце.
Фотографија со Елена објави и нејзиното момче, па може да се каже дека и двајцата решиле да стават крај на сите шпекулации и да покажат колку се среќни и заљубени.
Да потсетиме, пред него Елена беше во врска со Фран Пујас, кого го остави токму за продуцентот и музичар Михаил Вујиќ, кој е попознат по уметничкото име Микса. Врската со Михаил ја започнала уште додека Пујас бил во реалното шоу, а штом тој го напуштил, разговарале на телефон и потоа му рекла дека е најдобро да се разделат, но и дека има ново момче.
Елена Китиќ беше во врска со Пујас, а за „главен осомничен“ за пропаѓањето на врската се споменуваше Михајло Веруовиќ Војаж.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Китиќ