Радио Милева силни емоции

„Важно е да е заљубен!“ – Теодора Бјелица проговори за синот на Кеба (фото)

„Важно е да е заљубен!“ – Теодора Бјелица  проговори за синот на Кеба (фото)

Игор Којиќ веќе некое време ужива во врската со актерката Теодора Бјелица, а јавноста за нивната романса дозна во јануари, која ја започнаа кон крајот на минатата година.

Запознавањето на Теодора Бјелица и Игор Којиќ беше овозможено од  нивни заеднички пријатели, а Новата година ја дочекаа заедно.

Потоа следуваше патување на Копаоник, а наголемо се зборува и пишува дека никогаш не биле посреќни. Теодора  се појавила на еден настан во главниот град на Србија, а на прашањето за Игор и нивната врска одговорила кратко, потенцирајќи дека на прво место се нејзините силни емоции.

– Важно е мажот да сака и да е заљубен – низ насмевка кажала Теодора.

Според добро информиран извор, нивната врска е фантастична.

– Игор се постави како господин и целото свое внимание и го посветува на неа. Тој не се двоуми јавно да размени нежности и постојано да внимава на неа. Тој навистина долго време не бил толку среќен – изјавил изворот неодамна.

Двете семејства убаво ја прифатија оваа љубовна приказна. Тие се радуваат за нив и им посакуваат се најдобро. Зошто да не, кога тие двајца навистина блескаат – рекол изворот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Приватна Архива

To top