Сопругата на пејачот Слоба Радановиќ, Јелена Радановиќ, одбројува до породувањето, а сега се огласи и од породилиштето.
Инаку, Јелена одлучила да се породи во приватна клиника каде породувањето чини 5.000 евра.
Таа сега на нејзиниот Инстаграм профил го покажа стомакот до заби и откри дека синот и купил ноќница.
„Син ми ми купи ноќница“ – напиша Јелена која цело време била насмеана.
Јелена на нејзините следбеници им покажа дека го чита православниот молитвеник непосредно пред породувањето и нема сомнеж дека се ќе оди во најдобар ред.
Да потсетиме, пејачот веќе подготвил се во семејниот дом во Вишњичка бања за да започне прославата, а сега објави и откри кога бебето доаѓа на свет.
– Не знам од каде се приказните дека сме во породилиште, еве ја Јелена дома. Пораѓањето веројатно ќе биде до крајот на неделата – изјави Радановиќ за „Пинк“. Да потсетиме, Јелена на аеродром го чекаше пејачот кој се враќаше од настап во Германија, а во таа прилика Слоба откри дека најверојатно ќе пушти солза кога ќе стане татко.
Фото: Принтскрин/Инстгарам