Пејачката Јована Типшин во петокот го пријавила своето поранешно момче за малтретирање, дознава Телеграф.рс.
Имено, Јована во пријавата навела дека по раскинувањето во ноември минатата година, 13 години помладиот сега веќе бивш љубовник ја малтретирал со заканувачки телефонски повици.
„Покрај малтретирањето што го прави преку телефон, бившиот ја демне чекајќи ја пред зградата и на разни други места“ – открил изворот на споменатиот медиум. Како што понатаму се наведува, тој доаѓал на нејзината врата навечер и испраќа пораки кои се опасни и по живот.
Инаку, пејачката не така одамна даде дипломатски одговор за нејзиниот емотивен статус. Тогаш Јована за својот партнер изјави:
„Ја чува својата приватност. Едноставно, човекот си ја работи работата, а мојата работа ја почитува и не ми се меша. Ми се допаѓа тоа, што секој си ја работи својата работа. Никогаш не сакам да мешам бизнис и приватност, но ако медиумите го усликаат, не е важно. Видовте и тоа е се, одиме понатаму“ – низ насмевка одговори тогаш Типшин, но очигледно работите на стојат сега баш така, како што ги преставуваше пејачката додека „и цутеа рози“ во љубовта.
ФФото: Инстаграм принтскрин/jovanatipsin