Радио Милева не би го познале

Забот на времето е навистина суров: Погледнете како денес изгледа Ранду од серијата „Касандра“ (фото)

Забот на времето е навистина суров: Погледнете како денес изгледа Ранду од серијата „Касандра“ (фото)

Серијата „Касандра“ е една од најгледаните латиноамерикански теленовели на сите времиња на овие простори, а речиси и да нема некој што не ги следел авантурите на хероината со истиото име, Игнатиус, Луис Давидо, Доринда и други кои се бореле за љубов, пари, брак, наклонетост и слично.

Еден од највпечатливите ликови е Ранду од „Касандра“, кој гледачите добро го паметат како лош, безобразен тип, но зад тоа стоела силна љубов кон една жена и страв да не ја изгуби засекогаш од друг.

Згодниот фрлач на ножеви во циркусот, чија изведба со сечила во познатата сапуница ги остави луѓето ширум светот без здив, ја играше големиот актер Хенри Сото, кој поради улогата повеќето луѓе во реалниот живот го поистоветуваа со опасното, намуртено момче препознатливо по долгата коса и шамиите, но Ранду од „Касандра“ не ни личи на познатиот лик од серијата денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HENRY SOTO (@henrysotooficial)

Познатиот Венецуелец сè уште има љубов кон филмот и театарот, каде се уште настапува, а иако заплови во седмата деценија, сите се согласуваат дека изгледа одлично, а за сето тоа, нагласува, неговиот динамичен живот исполнет со поминување време со семејството, вежбање и прошетки на плажа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HENRY SOTO (@henrysotooficial)


Првпат се ожени многу млад, на 18 години. Од тој брак ја има ќерката Шерон Дијана. Тој го има синот Леонардо Енрике во врската со продуцентката Леонор Сотиљо, а подоцна уште една ќерка Маја. Моментално е во брак со младата венецуелска актерка Даниела Вилман, која очигледно е заслужна за неговиот ведар дух и многу позитивен став кон животот.

фото: Јутјуб принскрин/Инстаграм

To top