Тијана Ајфон, позната старлета, пред три години беше уапсена во Бјелина под обвинение дека се занимава со проституција, поради што помина еден месец во затвор. А на крајот од постапката, таа беше осудена за подведување девојки.
Но, таа негира дека го сторила делото за кое е осудена. Како што вели, сè е наместено од нејзините другарки.
– Бидејќи сум јавна личност, затоа и бев нападната. Да бев обичен човек ќе поминеше со некоја прекршочна казна. Не се занимавав со проституција, ниту бев осудена за проституција. Бев во затвор, ме гонеа и обвинуваа затоа што моите „многу добри пријателки“ рекоа дека сум им макро. Ме осудија како да сум макро.. Но јас не сум тоа. Ме наместија да си го спасат газ*т, а јас седев еден месец во затвор. Ме осудија на една година, не одам во затвор – изјави Тијана Ајфон.
Таа истакнува дека ова непријатно искуство и е животна лекција.
– Испаднав наивна и глупава затоа што сакам да помагам. Мислев дека сите ќе бидат искрени, дека ќе кажат како што е, а не да го вадат газ*т. Тоа ми се случи. Тоа е големо школо за мене. За жал, таа приказна ќе ме следи засекогаш. Тогаш сфатив кои се моите пријатели, кое е моето семејство… – искрено изјавила старлетата за „Хајп“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Блиц ТВ