Јелена Ѓоковиќ пред врската и бракот со тенисерот Новак Ѓоковиќ наводно била во врска со човек кој денес работи како тренер во центарот на Новак.
Јелена и Новак Ѓоковиќ се запознале во средно училиште, но пред да започнат романтична врска, да се венчаат и да добијат две деца, имале кратки врски со други партнери. Едно време диџејката Лејди Ли, поточно Лидија Поповиќ откри дека „Ноле бил господин кога биле во врска“, а сега медиумите откриваат со кого била Јелена.
Во времето кога сè уште се презиваше Ристиќ, Јелена го сакаше тенисерот Иван Бјелица Гилет. Иако беа во кратка врска, неговото име продолжи да се споменува во медиумите и надвор од колумните резервирани за спорт. Иван пред пет години почна да излегува со Христина Поповиќ. Иако никогаш јавно не зборуваа за својата врска, стана јасно дека на нивната љубов и дојде крајот во 2018 година, кога актерката избриша заеднички фотографии од својот Инстаграм профил.
Иван Бјелица своевремено беше перспективен тенисер, кој стигна до 290. место на АТП листата. Освои 12 трофеи на ИТФ турнирите, а беше успешен и како играч во двојки. Во својата сениорска кариера одигра повеќе од илјада натпревари.
Дипломирал банкарство и финансии на Универзитетот во Мисисипи, а денес е почитуван тренер во тенискиот центар на Новак.
А вака изгледа :
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин Инстагарам