Радио Милева семејството се прошири

После три ќерки… Блејк Лајвли се породи во тајност, убавите вести ги сподели со една фотографија

После три ќерки… Блејк Лајвли се породи во тајност, убавите вести ги сподели со една фотографија

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс тајно станаа родители на нивното четврто дете. Убавата актерка вчера се огласи на Инстаграм за да сподели фотографија од „Супер Боул“ која откри дека повеќе нема труднички стомак.

„Епски пост! Од сите причини!“, е еден од многуте коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively)

Дека Блејк и Рајан, кои се во брак од 2012 година, го чекаат четвртото дете, стана познато во септември минатата година.

Оваа информација актерката ја откри на „Форбс Пауер“ Женскиот самит во Њујорк, каде што прошета на црвениот тепих во поодмината бременост. Инаку, двојката која се смета за најзаљубена во Холивуд има три ќерки: Џејмс, Инес и Бети.

И покрај славата и парите, Блејк и Рајан се обидуваат да живеат како сите други во нормалниот свет. Немаат дадилка, а за да биде еден од нив секогаш со децата, никогаш не снимаат филмови во исто време.

Веста за младенците стигна во моментот кога сопружниците прославуваа десет години хармоничен брак, во кој се впуштија набргу откако се запознаа на снимањето на филмот „Грин фенер“. Пред тоа, Рајан помина три години со Скарлет Јохансон.

фото:Mike Coppola / Getty Images/Profimedia/Instagram

To top