Меѓу жртвите од земјотресот во Турција се објавени имиња и на двајца познати актери и една пејачка. Станува збор за турскиот актер Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга, познатата пејачка Зилан Тигрис.
Веста јза нивната трагична смрт ја потвдија турските медиуми, кои пишуваат дека се пронајдени под рушевините на деветокатницата во Дијарбекир.
Спасувачите со часови слушале галсови и повици за помош, но кога конечно ги пронашле тие веќе биле починати од хипотермија.
– Нашиот колега Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга музичар Зилан Тигрис ги загубија животите. Многу ни е жал. Наше сочувство до сите. На сите негови фанови им посакуваме трпение, се вели во соопштението од Синдикатот на актерите.
Загината под урнатините беше и познатата турска глумица Емел Атичи, која имаше епизодна улога во серијата „Горка земја“ . Таа загина во катастрофалниот земјотрес во Турција, во градот Адана, а покрај неа беше пронајдено и телото на нејзината ќерка Ханде.
Bir Zamanlar Çukurova dizimizin değerli oyuncusu Emel Atıcı ve sevgili kızına, depremde hayatını kaybeden tüm vatandaşlarımıza Allah’tan rahmet, ailelerine ve sevenlerine başsağlığı diliyoruz… pic.twitter.com/ArbNUFSjKN
— TIMS&B Productions (@timsandb) February 10, 2023
фото:Инстаграм принтскрин/Твитер