Радио Милева срце како планина

Џани Алиоски лично купуваше облека за настраданите во Турција: „Секоја чест, ти голем човеку“! (ВИДЕО)

Џани Алиоски лично купуваше облека за настраданите во Турција: „Секоја чест, ти голем човеку“! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски, кој во моментов игра за турскиот фудбалски гигант „Фенербахче“, покажа дека не е само голем мајстор на фудбалската игра, туку и човек со големо срце.

Алиоски за настраданите во земјотресот во Турција тргна лично да купува јакни, шапки, шалчиња, џемпери и други работи кои им се потребни на преживеаните кои останаа без своите домови и живеалишта на минусните температури, по големата катастрофа што ги задеси.

Истите популарниот Џани ги испрати во местата погодени од страотниот земјотрес кој засега однесе речиси 18.000 жртви, а се стравува дека бројката за жал, ќе биде и многу поголема.

Алиоски со овој гест покажа дека и големите ѕвезди знаат да бидат хумани луѓе, со широка душа и големо срце, зашто на крајот на денот сите сме само обични луѓе, кои може да ги задеси ваква или слична катастрофа!

Затоа, браво Џани мајсторе… Секоја чест, ти голем човеку!

Фото/Видео: Инстаграм/ffmacedonia

To top