Миа Костова, екс водителката на естрадиот ТВ магазин „Бекстејџ“, а сега можеби и најпопуларната и најследената македонска инфлуенсерка, најчесто ги информира нејзините следбеници за сите новитети и кај нив знае лесно да предизвика реакции со секое свое ново видео или фото-објава на нејзиниот Инстаграм профил.
Имено, Миа со нив знае да сподели совети, да се дружи со нив, да ги известува што прави и во ниту еден момент не го остава нејзиниот профил неисполнет.
Таа деновиве повторно им овозможи комуниција на следбениците, а тие побрзаа да и постават прашања, да дадат коментари и да и доделат комплименти.
Миа е позната како некоја која не се срами ниту се плаши да се подложи на чести трансформации, па голем дел од прашањата беа токму такви.
На прашањето дали има силикони на градите, таа одговори:
– Да, од пред пет години.
Искувство за силиконите, дали е подобро да се стават или не? Има ли некои последици подоцна?
– Или сакаш или несакаш да ставиш. Последици во принцип нема никакви. Градите не ги чувствуваш како да не се твои се навикнуваш на нив и не ни мислиш на тоа дека имаш гради после 5-6 месеци. Импланитите се трајни и не се менуваат.
Дали е тоа пирс меѓу градите и ако е дали е болно за ставање?
– Дермален пирс, да. Не е болно, дел од секунда е.
Колку време трае опоравокот од операција на очните капаци и дали е болна процедурата ?
– 5 – 7 дена со отоци, болки скоро и да нема се држат ладни облоги, а комплетно заздравени се за едно 3- 4 недели. Процедурата е со локалн анестезија. Не чувствуваш апсолутно ништо. Малку е морничаво зашто знаеш што се случува инаку болка нема.
Колку килограми имаш ?
– Многу, ама со вежбањето изгледаат како многу помалку, а и знам да ги носам, па Миа ја напишала култната бројка 69 – ка.
А потоа секако следуваше прашањето со кого е најдобар сексот …
Секс со маж или со жена е подобар?
– Сексот е најдобар со некој што ти ги поткрева цревата. Дали тоа е страст или љубов, маж или жена – не знам… Можеби треба да пробате, па да ми кажете.
И за крај Миа Костова призна без што не може откако следуваше прашањето:
Да мораш без цигари или без вино?
– Или без двете или не може само без едно.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Миа Костовска