Радио Милева само љубов

Доста и беше: Џеј Ло се огласи по невкусните коментари за неа и Бен Афлек (видео)

Доста и беше: Џеј Ло се огласи по невкусните коментари за неа и Бен Афлек (видео)

Џенифер Лопез се огласи на Инстаграм откако на социјалните мрежи започна да се шири видео од непријатниот момент помеѓу неа и сопругот Бен Афлек на доделувањето на Греми наградите.

Имено, камерата ги фатила Џеј Ло и Бен додека имале кратка расправија, а подоцна се огласи и читач од усни коj изјавил за „Daily Mail“ дека пејачката му кажала на сопругот „да се потруди да делува посимпатично и да изгледа мотивирано“.

Сепак, се чини дека Џенифер со последната објава на Инстаграм одлучи да стави крај на гласините дека нешто не е во ред со нејзиниот однос со Афлек.

„Најдоброто време е со мојот сопруг, мојата љубов“, напишала пејачката покрај видеото на кое се гледа како таа и актерот се забавуваат и се бакнуваат пред камерите на церемонијата на Греми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Снимката има повеќе од 1 милион лајкови и мноштво коментари од фановите.

„Прекрасни сте“, „Не дозволувајте хејтерите да ви го уништат бракот“, „Бенифер засекогаш“, пишувале едни, додека други признале дека сè уште сметаат дека сето ова е фарса.

„Не можеш никого да прелажеш со ова. Дефинитивно нешто не е во ред помеѓу вас“, „Бен изгледа многу несреќно“, „Не си требала да го тераш да дојде со тебе“, гласат другите коментари.

фото:Instagram

To top