Радио Милева зимска идила

„Како на модна ревија на – 16“: Сузана Манчиќ сподели фотографии од зимскиот одмор во скап стајлинг (фото)

„Како на модна ревија на – 16“: Сузана Манчиќ сподели фотографии од зимскиот одмор во скап стајлинг (фото)

Познато е дека Сузана Манчиќ обожава да патува, а секој слободен момент го користи за уживање и одмор, како на далечни дестинации, така и во Србија.

Сузана неодамна отпатува на една од најпосетуваните планини во Србија.

Имено, водителката моментално престојува на Златибор каде ужива во снегот и зимската магија, па сними дел од моментите и ги сподели со своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Сузана со својот изглед ги воодушеви обожавателите. Таа носеше скапа црна бунда и црна капа, а многумина коментираа дека никогаш не изгледала подобро. „Не се менуваш“, „Стануваш се поубава и поубава“, „Дама и убавица, покрај тоа, како на модна ревија на -16“, „Навистина знаеш да уживаш“, се некои од коментари под фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Покрај фотографиите од зимската идила, Сузана со следбениците сподели и богата трпеза, а реши да се пошегува и со нив.

– Не грижи се, не јадев се сама – напиша водителката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сузана Манчиќ

To top