Општина Неготино традиционално го одбележува празникот на Свети Трифун – заштитник на лозарите. По тој повод во Салата на Општина Неготино, Музејот на Неготино и Градскиот плоштад ќе се одржат неколку настани во чест на празникот.
Програмата започнува во петок (10.02) а главното одбележување е на 14-ти февруари на Градскиот плоштад. Покрај локални фолклорни групи и бендови ќе настапи и познатиот музички состав „Љубојна“.