Синоќа, гениталиите на британскиот принц Хари беа спомнати на доделувањето на Греми наградите.
Презентерот Тревор Ноа во еден момент се осврна на мемоарите на принцот Хари во кои спомна смрзнатост на пенисот. Комичарот го објави Џејмс Корден, кој инаку го исмејуваше признанието на војводата од Сасекс дека претрпел смрзнатини на пенисот.
Претставувајќи го Џејмс на толпата, Тревор рече:
„Џејмс Корден е 12-кратен добитник на Еми и водител на „The Late Late Show“. Тој е и жив доказ дека мажот може да се пресели од Лондон во Лос Анџелес и да не кажува на сите за својот замрзнат пенис“.
Секако, на социјалните мрежи веднаш почнаа шегите.
Да потсетиме, принцот во своите мемоари „Spare“ напишал за смрзнатост на пенисот што ги претрпел за време на венчавката на неговиот брат Вилијам. Потоа напишал како си го намачкал пенисот со кремата која мајка му Дијана ја користела на усните.
фото:USA TODAY Network / ddp USA / Profimedia, Netflix / Ferrari / Profimedia