Некогашната македонска ријалити учесничка, модел и ТВ водителка, Елеонора Миљковиќ, откако вплови во брачните води мораше да се соочи и со брачните обврски. Или барем тоа така би требало да биде, иако скопската ријалити убавица никогаш не покажала некаква фотографија или стори клипче покрај шпоретот од кујнат или со правосмукалката в раце, на пример…
До душа тоа не значи дека Нора не е добра домаќинка, иако последните две-три сликички што ги споделила наговестуваат нешто друго…
Ден недела, неработен, кога ако не сте некаде на викенд или прошетка домашните обврски се во прв план. особено за добрите домаќинки, кои чистат, перат, пеглаат, прават ручек… Така барем беше некогаш, а донекаде и сега.
Македонската убавица споделила најпрвин фотографија на која неделниот ручек е поставен на масата, само што не е дома подготвен од неа, туку очигледно се работи за кетеринг достава. Нарачка од ресторанот, односно кујната на еден скопски хотел. Што на прва ви доаѓа помисла дека македонската ријалити убавица е… „очајна домаќинка“?!
Арно ама, веќе следното клипче во нејзините приказни наговестува дека можеби и не е баш така, односно дека за вакваката постапка домаќинката има добра причина, а истата не лежи во мрзата да готви, туку во нешто сосема друго, исто така поврзано со брачните обврски…Само оние, малку поинакви!
Имено, на споделеното клипче од неа се гледа едно брадато типче како низ рацете превртува бебешки панаталончиња, а Елеонора во описот напишала:
„Само ја гледам облеката на моето идно најдобро другарче“!
Ако ја погледнете и претходната фотка од нејзиното стори на која таа се излежува со своето кутре, прва асоцијација која ви паѓа на ум е следната: „Не можела да зготви, па нарачале кетеринг, зашто подобро е да лежи со причина…
Па ако на тоа се надоврзе нејзиниот коментар за погледот на бебешката облека, дали тоа не наговестува дека Елеонора Миљковиќ и нејзиниот сопруг очекуваат принова?
Што и да е, Елеонора Миљковиќ со две – три сликички нешто наговести: Македонската ријалити ѕвезда или е „очајна домаќинка“ или „латентна трудница“?
Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__