Радио Милева “треќа – среќа“

Сани Урдаревиќ правеше свадбена веселба по третпат: Фолк пејачката потврди дека верува во вечна љубов (фото)

Сани Урдаревиќ правеше свадбена веселба по третпат: Фолк пејачката потврди дека верува во вечна љубов (фото)

Фолк пејачка Сања Сани по најново Урдаревиќ со новиот избраник Никола Урдановиќ, викендов направија свадбена прослава, откако пред неколку месеци ја официјализираа врската и започнаа заеднички живот.

Атрактивната пејачка подолг период ја криеше разделбата од претходниот сопруг, а до неодамна го задржа неговото презиме Гроздановска бидејќи беше спремна и одлучна по разделба брзо да го замени, па еднаш во „Бекстејџ“ тоа и јавно гo кажа:  „Сега ќе газам, и со турнеи, и со песни и со се’. Јас се спремам за третиот, а ти си запнал со тие два брака“ – му рече тогаш на шега на водителот. „Има кандидати колку сакаш“, додаде тогаш пејачката без да прецизира зошто ставила крај на претходниот брак велејќи дека тоа е нејзина приватна работа.

Сани по разводот тргна да живее опуштен живот но, не остана сингл долго туку налета на менаџерот на еден термохотел со спа центар на убавите швајцарски алпи.

Таа со него неодамна и официјацлно заврши пред матичарот каде го стави нејзиниот потпис и на Србинот Никола  таму му порача дека сега  сам си ја потпиша судбината…

Кумановката на нејзините кратки „Инстаграм“ приказни  објави дека се сѐ одвивало по редослед. Па прво следуваа фотографии од убавиот базен во кој таа скокна со микрофонот.

Да наздрави со другарките, да прослави и верјатно да ужива во моминската вечер.

А потоа дојде ред и на свадбената прослава која се случи во хотелот на Алпите каде што работи нејзиниот нов сопруг.

Сани од прослава направи  колаж од фотографии кои ги постираше на нејзиниот Инстаграм профил и ја долови атмосверата од романтичниот настан.

Фолкерката за овој посебен повод  беше облечена во краток фустан – палто кој завршуваше со пердуви.

Таа повторно го зема микрофонот но, овој пат за мерак на гостите запеа со нејзиниот избраник.

Никола ја има ќеркичката Алис, додека фолк пејачката позади неа досега остави два брака од кои доби две ќерки, од првиот  Викторија и Ева од вториот брак. А дали е на пат третата ќеркичка останува да видиме.

Фото: Принтскрин/Инстагарам/Сани Урдаревиќ/nikolovski_foto

 

 

To top