Не за џабе е кажана онаа народната „никогаш не вели никогаш“, а истата пред неколку години му се случи на нашиот шоумен Игор Џамбазов. Своевремено јавно велеше дека во неговиот живот нема време и простор за жена, а од женски род до него е само мачката Емилија.
Во 2020 година ова се промени, а во животот на Игор се појави Илина со која јавно обзнанија дека се во љубовна врска.
Нивната среќа беше радост и за многуте фанови на ваквиот љубовен спој, а тоа беше доказ дека и нашиот народ знае да се радува на туѓата среќа.
Сега, на многуте нивни обожаватели не им допадна тоа што го разбраа, слушнаа, прочитаа… Игор и Илина повеќе не се заедно!
Во интервју за „Слободен печат“, Игор откри дека далечината ја победила љубовта откако Илина од неодамна престојува во Тенеси, Америка, каде започнала да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, од каде добила и стипендија за докторски студии.
View this post on Instagram
– Да, тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов. И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден, вели Игор кој веќе извесен период престојува во село Стрезовце каде се повлече и по пракса и рутина си најде ново место за своите стари навики.
View this post on Instagram
Промените и разделбата не се лесни од предмети, а камоли од живи суштества кои своевремено биле суштината.
Илина пак, во една прилика по одлуката да замиме кон нови животни предизвици изјави:
-Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоци никогаш не се лесни. Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите- порача Арсова.
Он-лајн конекцијата не беше толку јака преку барата за да остане љубовниот сигнал со силна јачина, а дијагнозата „Илинопатија“ на Џамбазов останува само во анемнезата на пациентот.
Многу уметници кажале дека најголемите дела од творештвата се создаваат во време на тага, недостаток, празнина, па како што Игор вели дека приказната е како во неговиот текст за „Бестрага“, веруваме дека од ова љубовно искуство ќе произлезе нешто големо, од душа за душа во кое ќе се најдат многумина.
фото:Инстаграм/Игор Џамбазов