Радио Милева се „нафрлија“ на пејачката

Теодора Џехверовиќ со краток фитил: „Бучна е, пцуе и вика како да е на нива“ – тврдат нејзините први соседи (фото)

Теодора Џехверовиќ со краток фитил: „Бучна е, пцуе и вика како да е на нива“ – тврдат нејзините први соседи  (фото)

Теодора Џехверовиќ веќе некое време важи за пејачка со краток фитил, а сега истото го тврдат и нејзините соседи.

„Откако се досели, повремено ја гледаме. Таму живее со Илда Радончиќ. Гледам дека и двете се популарни кај децата, се сликаат со нив во маало. Некогаш Теодора застанува да им угоди, некогаш поминува како ништо да не се случува, целосно ги игнорира. Изгледа арогантно, но не сум ја сретнал лично да судам. За Илда се вели дека е фина и мирна, студира медицина. Не знам како тие две завршија заедно, а толку различни“, изјавила Вера за Блиц.рс. Свое мислење за пејачката дале и неколку тинејџерки:

 

 

„Таа е топ за нас, секогаш е добро облечена и нејзините песни се добри. Нашите пријатели често доаѓаат да седат овде за да ја видат. Илда ја следевме дури кога почна да се дружи со Теа. Понекогаш е мрзоволна, особено ако не е облечена па не сака да се слика, но тоа е во ред. Не ѝ се спротивставуваме, нејзиниот карактер е таков зловолен“, вели Дијана, а Анастасија додава:

„Моите родители ме критикуваат што ја слушам нејзината музика, но јас ја сакам целата нова сцена. Нејзе посебно затоа што ми е сосетка, но гледам дека повозрасните ја мразат“.

„Знам која е таа, но не знам каква музика свири. Знам дека е позната и популарна.  Џабе сѐ, таа е невоспитана. Ја имам сретнато неколку пати овде во кафулето, бучна е, се однесува како да е сама. Пцуе и вика како да е на нива. Денес е лесно да се биде познат, но тешко е да се биде воспитан“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Теодора Џехверовиќ

To top