Неколку дена по враќањето на Инстаграм, Бритни Спирс ја „нападна“ Алиса Милано, откако актерката јавно изрази загриженост за нејзината состојба. Се започна минатиот декември, кога Милано реагираше на едно од бизарните видеа на пејачката, пишувајќи на Твитер:
„Ве молам, некој да ја провери Бритни Спирс“.
Someone please go check on Britney Spears.
— Alyssa Milano (@Alyssa_Milano) December 21, 2022
Но, Бритни дури сега реагираше на нејзината објава, па напиша:
„Ме растажува кога гледам коментари на некој кој не ме познава. Ова дефинитивно изгледа како форма на малтретирање“, напиша Бритни на својата приказна на Инстаграм, споделувајќи го твитот на актерката.
„Дами, треба да се бодриме едни со други, а не да се навредуваме“, додаде Бритни.
Инаку пејачката неодамна имаше проверка од полицијата, откако обожавателите изразија загриженост за неа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Твитер