Радио Милева за многумина возбуда за еден срам

Неверството му се „удри од глава“: Пике засрамен на натпревар како никогаш досега – не знаеше каде да гледа (видео)

Неверството му се „удри од глава“: Пике засрамен на натпревар како никогаш досега – не знаеше каде да гледа (видео)

Љубовната сага за фудбалерот Пике и Шакира продолжува, а фановите на пејачката се гладни да го исмеваат неверниот Пике.

Па така, сите очи на присутните на еден НБА натпревар, на кој е направено видеото биле насочени кон Пике во тој момент, а луѓето пееле на цел глас, но сепак Пике успеал да остане „имун“ на текстот во кој пејачката алудира дека тој е прељубник.

Ова видео дефинитивно предизвикало бурни реакции на твитер, а под описот на видеото пишува: Количината на серотонин која ова видео му ја дава, аххх…“.

Имало и коментари кои гласат: „Од утре секое утро ќе го пуштам ова за добар почеток на денот“.

Иако многумина на почетокот се посомневале дека видеото е монтажа, се докажало дека истото е реално и оригинално, а јасно се слуша и публиката која на цел глас ги пее стиховите во кои директно се прозива фудбалерот дека „заменил ролекс со касио, ферари со твинго“, како и дека „таа вреди за две, 22-годишни девојки“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerard Piqué (@3gerardpique)

Инаку, Шакира, како што наведуваат светските медиуми, подготвува уште една одмазда за популарниот фудбалер. Овојпат ја инспирирала пејачката Мајли Сајрус која на поранешниoт сопруг Лиам Хемсфорт на неговиот 33-годишен роденден ја објави песната „Flowers“ и му ја „подари“.

фото:Инстаграм/Твитер

To top