Радио Милева и стил и сексапил

Облечена или соблечена, Елена Велевска плени дури и кога облак сонцето ќе го засени (фото)

Облечена или соблечена, Елена Велевска плени дури и кога облак сонцето ќе го засени (фото)

Македонската фолк ѕвезда Елена Велевска беше на турнеја низ САД, настапуваше во многу градови низ Америка и со големо задоволство ја почести дијаспората со македонска музика.

Пеејќи им на нашите иселеници, кои како што е познато ги има во голем број преку океанот, пејачката  имаше густи агенда со настапи, но, секако успеа да украде малку слободно време и за себе и да ја посети убавата океанска песочна плажа.

Следбениците веднаш ја опсипаа со комплименти и лајкови  за нејзиниот изглед, иако загрижено ја запрашаа зошто ужива без бикини, без да го покаже убавото извајано тело?

Очигледно на Елена не и се погоди времето, па по плажата само прошета и позираше, без да се соблече, сонча и искапе…

Но, штом огреа сонцето веднаш им ја исполни желбата  на следбениците, па пејачката со задоволство се соблече во едноделен фламинго розов костим за капење, кориастејќи го денот во уживање покрај базенот.

Велевска важи за една од најзгодните но и најпопуларните и најбараните фолк пејачки во Македонија, што и да облече го носи со стил, а кога ќе се соблече, до полн израз доаѓа нејзиниот сексапил.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Велевска

 

To top