Старлетата и пејачка Нивес Целзиус е фатена како се бакнува со познат маж на една забава. Во еден клуб во Загреб била организирана забава на која биле присутни голем број регионални инфлуенсери.
Сепак, она што најмногу привлече внимание беа Нивес Целзијус и човек за кој подоцна се покажа дека е познат фотограф и инфлуенсер Амер Кадиќ. Во еден момент од вечерта имало и сочен бакнеж меѓу нив двајцата. Оваа ситуација Амер ја објави и на неговиот Инстаграм профил, а многумина се прашуваат дали се работи за нова љубов или само за пријателство.
Да потсетиме, Нивес Целзијус беше девет години во брак со фудбалерот Дино Дрпиќе со кој ги доби синот Леон и ќерката Таиша. за нивната врска се пишуваше доста откако го прекинаа бракот во 2014 година.
Фото: Принтскрин/Инстаграм