Како што тогаш објавивме, неодамна на порталите се појави видео на кое се гледа како сестрите – пејачки Едита и Инди Арадиновиќ жестоко се тепаат и тоа надвор, среде улица.
И кога сите помислија дека сестрите по овој јавен срам повеќе нема да сакаат очи да си видат, двете повторно се снимени, но во сосема поинаква ситуација.
Имено, екипата на шоуто „Папарацо лов“ ја следеше моменталната ситуација меѓу познатите сестри. Овој пат немаше физичка пресметка меѓу двете пејачки. Сега се вратија насмевките, прегратките, бакнежите… зашто сестрите се во добри односи и повторно се блиски… И тоа се чини како никогаш порано… Како да се немаат ниту скарано, а камо ли само пред некој ден степано!
Погледнете ја целата „мировна мисија“ што ја снимија камерите на споменатата емисија (КЛИКНИ ТУКА):
Фото и видео: Јутјуб/Paparazzo Lov