Водителката Марија Килибарда синоќа за прв пат се појави во јавноста со избраникот Бранислав Вучелиќ.
Тој е нејзината голема љубов веќе три години, а дури сега позираа заедно.
Двајцата биле одлично расположени на забавата која ја организирала таа, а припадниците на седмата сила првпат можеа да ги видат заедно. Позираа во прегратка, со насмевки на лицата, а сите присутни коментираа дека е очигледно колку многу се заљубени еден во друг.
Вучелиќ реши да се појави заедно во јавноста на вечерашната промоција на нејзиниот бренд, сакајќи да покаже колку ја поддржува. Марија пред само неколку дена за прв пат проговори за љубовта со Бранислав Вучелиќ. Како што истакна тогаш, тој е нејзин најголем поддржувач, но и критичар.
– Многу луѓе не виделе, само што можеби не сте биле на вистинското место. Заедно сме три години. Не го кријам, едноставно не е тип кој сака да оди низ градските случувања. Тој е мојата поддршка за се. Партнерската поддршка е една од најважните работи – откри тогаш водителката за „Телеграф“.
Фото: Принтскрин/Антонио Ахел/ Ата Имаџес