Пејачот Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина се решија да внесат дополнителка радост и среќа во својот дом, а веруваме дека тоа особено важи за нивните малечни синчиња Михаил и помалот Гаврил.
Имено, тие се одлучија да вдомат бело мало расно кученце кое периодов е доста актуелна раса за љубителите на миленици, особено оние кои имаат малечки деца.
Ваквите кученца се издвојуваат по својот темперамент и наклонетост кон дечиња, притоа се антиалергна, па не им создаваат многу грижи на родителите во поглед на алергии.
Малиот крзнен пријател кој го добил името Бади веќе е во фокусот на семејството, а прва со него позираше и не можеше да му одолее Марија, постарата сестра на Димитар која по професија е актерка.
Бади ќе биде првото другарче на најмладите во домот, но секако и на тато Диме и мама Тинче.
Згодите и незгодите, заедно со многу смеа допрва доаѓаат, а пред се убави спомени од детството што ќе ги имаат најмалите заедно со нивниот Бади.
фото:Инстаграм/Димитар Андоносвски