Радио Милева сеќавање од минатото

Милена со цврст став уште од мала: Антовска покажа дека без разлика на сѐ држи до нејзиното (фото) 

Милена со цврст став уште од мала: Антовска покажа дека без разлика на сѐ држи до нејзиното (фото) 

ТВ водителката Милена Антовска – Станковска, често пати отворено зборува за нејзината кариера, за нејзините почетоци, но и за нејзината приватност, а знае и низ фотографии да покаже нешто од минатото, некое сеќавање кое и е драго и многу и значи.

Здодната водителка еднаш на социјалната мрежа учествуваше во Инстаграм предизвик насловен „Сети се“ како поддршка на децата СОС Детското Село , а тогаш изјави:

„Имам многу фотографии од моето детство кои што ми се многу драги и од нив ми навираат солзи и од убавина, но и заради носталгија од некои убави времиња“ – напиша тогаш Милена.

Но, овој пат таа самоиницијативно  „ископа“ слатка фотографија од минатото но и откри нешто за нејзиниот карактер,  а со тоа и потврди дека уште од мала имала  цврст и силен став и држела до своето, без разлика на сѐ, па дури иако нејзината мајка имала желба да и облече нешто несоодветно и кога немало простор за омилените сандали.

„Се сеќавам на овие сандали и знам дека сакав да ги носам без разлика на тоа што ми облекла мајка ми. Не постоеа други за мене“ – напиша убавата водителка на нејзината Инстаграм приказна како доказ дека е доследна на нејзиното непроменливо однесување.

Милена на фотографијата има кратка коса, облечена е во жолто фустанче и ги носи омилените сандалчиња, а дали одговараат на облеката одлучете сами…

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Милена Антовска

To top