Јелена Ѓоковиќ сподели фотографија од нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ и неговата мајка, а она што беше напишано на објавата го привлече вниманието на многумина. Долго време се зборува за врската на Јелена и Дијана Ѓоковиќ.
Тие се во добри односи, па не се, а одредени „конфликти“ произлегоа директно од нивните изјави, особено онаа на Дијана, која самата истакна дека не се согласува со тоа како синот и снаата ги воспитуваат нивните деца како и дека не ѝ се допаѓа начинот на кој се изхрануваат.
– За жал, ретко доаѓаат, создадоа свое семејство. Јелена прави одредени работи на свој начин. Тоа се случува, особено кога е во прашање исхраната, која јас не ја поддржувам – изјави еднаш Дијана.
– Секогаш кога има време се трудиме да се видиме, да одиме на езеро, да шетаме… Доаѓаат кај нас, за внуците да ја почувствуваат топлината на домот на нивните баби и дедовци. Тие ги сакаат моите познати палачинки. Секогаш слушаме: „Бабо, подготви ни палачинки!“, а потоа се натпреваруваме: „Какви сакате, безглутенски или нормални?“, а Стефан вели: „Бабо, нормални, остави ги безглутенските“ – откри еднаш со насмевка Дијана Ѓоковиќ во емисијата „Додека ангелите спијат“.
View this post on Instagram
За време на натпреварите, Дијана и Јелена никогаш не седат една до друга, а секогаш кога е можно, се заобиколуваат. Ниту неодамна, кога и беше роденден на Дијана, на мрежите повторно немаше јавна честитка. Сепак, работите се сменија во последно време.
Сега, кога Новак освои уште еден Австралија опен, јасно е дека „секирите “, ако ги имало, дефинитивно се закопани, а „доказ“ дека е така е Инстаграмот на Јелена, каде таа повторно објави емотивна фотографија на која Дијана го прегрнува Новак. До неа стоеше едноставно „Мајка“, што јасно покажува дека меѓу нив нема никаква лоша крв, ниту малку. Напротив.
Инаку, приказните за помирување започнаа минатата година кога Новак, Јелена и Дијана отидоа на концертот на Дино Мерлин во Црна Гора. Познатиот тениски ас објави фотографија со нив двајца и симболично ги нарече кралици. Останува да се види дали сите лоши работи конечно се ставени на страна.
Фото: Принтскрин/Инстаграм