Пејачот Виктор Апостоловски неодамна пред јавноста обелодени дека одлучил да се жени и јавно ја запроси неговата девојката на Босфор.
Апостоловски, тогаш ги изненади своите следбеници кога на интересен, спонтан начин ја побара раката на неговата сакана Милена Доневска, па со тоа стави крај на една етапа од неговиот живот.
Овој пат, пејачот, кој на јавност и стана познат од шоуто „Македонски Идол“ потврди дека е сигурен во одлуката која ја донесе, па напиша:
„Значи алал да ми е“ – на шеговит начин си потврди битолчанецот сам на себе кој успеал да ја сликне раката на саканата и одблизу.
Сега доби силна поддршка и потврда од неговите фанови кои му посакаа добредојде во клубот на „впловени во брачните води“, откако тој уште еднаш потврди дека нема бегање и дека си стои на дадениот збор:
„Убава невеста и убав прстен“, „Честитки уште еднаш и добредојдовте во клубот на брачните парови“, „Навистина секоја чест Виктор, среќни и вечни“ – му посакаа тие.
Дали наскоро ќе има и официјален чин во матично, а можеби набрзо и свадба пред олтар и дали одлуката била неизбежна, зашто невестата е во „блажена состојба“, се е информации кои најдобро им се познати само на вљубените гулапчиња.
Епа Виктор, навистина алал да ти е , среќни и вечни и од Бога благословени!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Виктор Апостоловски