Пејачот Милан Станковиќ извесно време не се појавува во јавноста и ретко објавува фотографии на социјалните мрежи, а во екот на популарноста реши да се повлече од поп музиката и да го промени животот од корен, па се посвети на религијата.
Пред една година беше на настап на Весна Зимјанац во позната кафана, а тоа се повтори и претходната вечер кога дојде поради колешката и пријателката да ужива во нејзиниот глас.
Станковиќ беше облечен во црно од глава до пети, долгата коса беше врзана, а насмевката не ја тргаше од лицето. Во еден момент го отпеа хитот на Дин Мерлин „Босном бехар пробехарао“.
Да потсетиме, Милан веќе извесно време не се експонира во јавноста.
Милан се прослави кога се појави на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“ каде покрај гласот ја освои публиката и со својата појава.
фото:Инстаграм принтскрин/Ало.рс