Најпопуларната и најследената црногорска инфлуенсерка Тина Дакиќ не престанува да предизвикува бурни реакции со секое свое ново видео или фото-објава на нејзиниот Инстаграм профил.
Таа деновиве одново им овозможи комуниција на нејзините следбеници со неа, а тие побрзаа да и постават прашања, дадат свои коментари и констатации, доделат комплименти за нејзината убавина и сексапил.
Еден од најдуховитите, кој патем се колне дека воопшто и не се шегува кога ова го кажува, ја споделил својата „искрената исповед“ откако отворил душа па и раскажал дека и на попот не му е сеедно кога ќе ја види цицлестата инфлусерка на слика, па му се „набира мантијата“ .
„Твојата слика под икона ја чувам и попот кога ми свети водичка, најмалку иконата ја гледа“ – напишал „напалениот“ обожавател и додал:
„И оди сега па не ја оставај сопругата… Па заради тебе би го оставил и татко ми пред здравствен дом, додека чека резултати“ – констатирал „опчинетиот“ следбеник на Тина, која „ни пет – ни шест, јавно го објави колку по неа е… „од желба изгорен“!
Фото: Инстаграм принтскрин/tina.dakic