Радио Милева хрватските Хари и Меган

Во преден план го покажа длабокото деколте – сопругата на Петар Грашо како никогаш да не родила (фото)

Во преден план го покажа длабокото деколте – сопругата на Петар Грашо како никогаш да не родила (фото)

Пејачот Петар Грашо синоќа се појави на фестивалот MAC во придружба на сопругата Хана Хуљиќ, која неодамна се породи.

Таа за овој настан избра елегантен црн фустан со голи рамена, а нејзините бујни гради беа во преден план.

Секако, следеа достакоментари за нејзиниот изглед:  „Како изгледаш“, „убава си“, „како никогаш да не си родила“, беа само дел од нив.

Да потсетиме, Петар Грашо никогаш не сакал да го изнесува својот приватен живот во јавноста, а неодамна призна дека не му се допаѓа оваа популарност во медиумите откако се дозна дека е во врска со Хана.

– Јас и Хана си го живееме животот пристојно, приватните детали не ги споделуваме со јавноста, а тоа веројатно уште повеќе ги прави медиумите кои бараат сензации. Смешно ни е како всушност станавме медиумска мета, а со прст не мрднавмее по ова прашање. Без ни малку напор, се  забавуваме со сите тие бомбастични написи и наслови  со тенка содржина. Најмногу не насмеа веста дека станавме хрватските „Меган и Хари“ – рече Грашо и истакна:

– Отсекогаш ми било важно да не ги замарам луѓето со неважни ситници и дека музиката е единственото нешто што ги поврзува со мене, а и Хана е слична личност. И покрај ова, ние сме во сосема спротивни ситуации. Медиумите се тука да пишуваат, ние сме тука да живееме и тоа е круг кој постојано се врти – изјави претходно Петар Грашо за хрватските медиуми.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Зоран Илиќ/Рингер/Н. Јовановиќ

To top