Неверството на славниот фудбалер Пике кон неговата невенчана партнерка, пејаката Шакира, доби планетарна актуелност, особено откако таа објави нова песна чии стихови содражат доста метафора за нивниот однос и моменталната ситуација.
Пике, се уште на Инстаграм ги чува објавите со Шакира, но сега за сефте објави и една заедничка со новата љубов.
Жерар Пике ја објави првата заедничка фотографија со девојката Клара Чиа Марти со која ја изневерувал Шакира.
View this post on Instagram
Фотографијата досега има 2,5 милиони лајкови, а бројни фанови на пејачката му коментирале дека „заменил ‘Rolex’ со ‘Casio’“, што е стих од нејзината нова песна посветена токму на фудбалерот.
Меѓутоа, се чини дека новиот славен пар не се осврнува на критики.
Иако шпанските медиуми неодамна објавија дека Пике ја изневерил и Клара со адвокатката Џулија Пуиг, со новата фотографија парот одлучил да ги демантира ваквите шпекулации.
Фудбалерот ја започнал љубовната афера со Чиа Марти во 2021 година и ја доведувал во домот во кој живеел со Шакира. Со неа се раздели во јуни минатата година.
View this post on Instagram
Шакира и Пике постигнаа договор за старателство над синовите Милан (9) и Саша (7). Пејачката наскоро ќе се пресели во Мајами и таму ќе ги одгледува нивните деца.
фото:Инстаграм принтскрин/ 3gerardpique