Мирко Шијан, синот на пејачката Гоца Божиновска, неодамна го доби второто синче Вукан, а сега објави фотографија со новиот син и постариот син Зоран. Шијан ги разнежни своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавувајќи сцена од семејниот дом.
Имено, Мирко пред неколку дена доби втор син, а раѓањето на неговата сопруга Бојана Родиќ помина добро, поради што таа многу брзо ја напушти болницата.
Шијан направи голема прослава, а кога заврши лудата забава покажа како ги поминува јануарските денови.
Мирко го гушна Зоран и го бакна во глава, додека Вукан беше во неговите раце. Тој со фотографијата ги воодушеви своите следбеници, додека честитките не престануваа да се слеваат.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Мирко Шијан/ Ата Имаџес