На македонската естрада викендиов и тргнало со многу љубов, запросувања и бракови…
И битолчанецот Виктор Апостоловски синоќа пријатно ги изненади фановите.
Имено, пејачот кој јавноста го познава од шоуто „Македонски Идол“ деновиве е на романтилно патување во Истанбул со саканата Милена Доневска која се решил да ја побара за жена и да му стави крај на ергенскиот живот.
Запросувањето го смислил како едноставно и спонтано, а токму тоа ја шокираше неговата избраничка која се тресеше од среќа.
Додека таа се подготвуваше да му позира за фотографија свртена со грб, тој го извади прстенот, клекна и веќе претпоставувате што следуваше…
View this post on Instagram
Виктор Апостоловски е од оние естрадни ликови кои не сакаат да зборуваат и објавуваат моменти од приватноста, па така, малкумина знаеја дека тој е во долгогодишна врска.
Сепак, овој интимен момент сакаше да го сподели со сите и да им каже клкава е неговата љубов!
Среќно!
фотоќ:Инсатграм/Виктор Апостоловски