Радио Милева јака женска

Александра Младеновиќ го предизвика посилниот пол и ги исплаши додворувачите (видео)

Александра Младеновиќ го предизвика посилниот пол и ги исплаши додворувачите (видео)

Александра Младеновиќ е една од најзафатените пејачки на српската естрада во последно време, а нејзините настапи се закажани речиси секој ден.

Пејачката кратката пауза меѓу концертите ја искористи за да им приреди необично изненадување на своите внуци Уна и Филип.

„Ѕвездата на Гранд“ отиде во игротека со најмалите за сите да се забавуваат, но малкумина очекуваа дека во играта ќе се вклучи и гордата тетка и тоа не било каква игра.

Додека децата беа окупирани со видео игри и други и машини, Александра со сета сила удри во „крушката“.
Бројчаникот достигна бројка на која би позавиделе и мажите, со оглед на тоа дека оваа направа е омилена за тестирање на силата на посилниот пол.

– И секако тетката полудува – напиша Александра со моќното видео кое го сподели на Инстаграм.

Пејачката обично е приврзана за децата на својот брат и често поминува време со нив кога должноста и го дозволуваат тоа, а тие исто така со нетрпение очекуваат да поминат време со тетка им. Така ја бодреа од првите редови на концертот што го одржа пред неколку илјади луѓе во рамките на Жупската берба во Александровац. Најемотивниот момент на тој концерт беше кога на сцената се појави нејзината внука, што ја изненади и самата Александра.

фото:Инстаграм принтскрин/Александра Младеновиќ

To top