Радио Милева слатко ли е...

Еден мал несмотрен детал го издал Пике дека ја изневерува Шакира: Вистината се крие во фрижидерот! (ФОТО)

Еден мал несмотрен детал го издал Пике дека ја изневерува Шакира: Вистината се крие во фрижидерот! (ФОТО)

По сите будалаштини што се случија и сиот валкан веш кој излезе на виделина,  се чека да се види кој е следниот потег на огорчениот поранешен пар Шакира – Пике? Во меѓувреме се’ уште се зборува за тоа како Шакира дознала дека е изневерувана.

Се пишуваше дека Колумбијката најмила детектив да го следи Жерар Пике и да најде докази за неговото неверство, а се шпекулираше дека го нашла својот љубовник во кревет со младата студентка и водителка. Меѓутоа, неодамна беше откриено дека сè започнало сосема поинаку… Со – една тегла џем.

 

Според шпанските медиуми, по едно од многуте работни патувања, Шакира дошла дома и сакала да се заслади со џем. Инаку, таа многу го сака овој овошен намаз, кој Пике никогаш не го јадел. И кога пејачката го отворила фрижидерот, видела дека некој и го изел џемот! Тогаш и станало јасно дека во куќата и доаѓа друга жена.

Згора на тоа, веднаш по раскинувањето со Пике, Шакира се осврна на тој момент во спотот за песната Te Felicito, кога ја гледаме како го отвора фрижидерот и ја здогледува главата на Ро Алехандро со кој ја сними оваа песна.

Во едно интервју, новинарот подоцна ја прашал Шакира што бара таа кога го отвори фрижидерот, а таа му одговорила: „Вистината“!

Фото: Инстаграм принтскрин/shakira/Јутјуб/Te Felicito

To top