Радио Милева свекрвата на удар

Ставила кукла вештерка на терасата да гледа кон куќата на свекрвата: Шакира им создава грижи на смејството на Пике (видео)

Ставила кукла вештерка на терасата да гледа кон куќата на свекрвата: Шакира им создава грижи на смејството на Пике (видео)

Пејачката повторно го нападна фудбалерот, но овој пат преку неговата мајка.

Светските медиуми и јавноста веќе со денови пишуваат за новата песна на Шакира, која таа му ја посвети на поранешниот партнер Жерар Пике, во која го прозва.

Пејачката сега повторно го нападна фудбалерот, но овој пат преку неговата мајка.

Шакира постави кукла што личи на вештерка на нејзиниот балкон и ја постави да гледа кон семејната куќа на Паке.
Нејзиниот потег го загрижи неговото семејство.

Покрај тоа, таа цел ден ја слушала нејзината нова песна која наводно му ја посветила на бившиот партнер во која го нападнала него и неговата нова девојка.

– Го оставивте семејството како соседи, медиумите на врата и долгови во трезорот – е делот што сите го протолкуваа дека е за бившиот сопруг.

Да потсетиме, Шакира и Пике раскинаа кон средината на 2022 година. Двојката има два сина заедно, Милан (9) и Саша (7).

фото:Принтскрин Инстаграм

To top