Радио Милева СП ракомет во Полска

Жарко Пешевски: „Со поддршка од ‘Фалангата’ се надевам на изненадување против Норвешка“ (ФОТО)

Жарко Пешевски: „Со поддршка од ‘Фалангата’ се надевам на изненадување против Норвешка“ (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација од вчера е во Краков каде ќе настапи на престојното светско првенство кое се одржува во Полска и Шведска.

Селекторот на репрезентацијата Кирил Лазаров  ги одбра 18 играчи кои треба да настапат на ова светско првенство, а еден од нив е и пикерот Жарко Пешевски кој за Курир.мк откри каква е атмосферата во репрезентацијата и за тактиката против вечерашниот противник Норвешка.

Еве што вели нашиот пивот Пешевски за тоа каква е атмосферата моментално во репрезентацијата и кои се очекувањата од вечерашниот дуел со Норвешка:

„Владее одлична атмосфера во репрезентацијата. Долго, квалитетно и напорно работевме за ова Светско првенство. Ќе дадеме се што е во наши можности да се претставиме во добро издание на сите натпревари. Првиот меч е вечерва против Норвешка, една моќна ракометна сила која е апсолутен фаворит. Не се предаваме влагаме мотивирано паметно со глава бидејќи нема што да загубиме, а можеме многу да добиеме. Со подршка од Фалангата се надевам на успешна ракометна приказна на првиот меч“, изјави Пешевски.

Знаејќи ја силата на Норвешка, нашиот репрезентативец открива дали е подготвувана некаква  посебна тактика за овој дуел:

„Сите три селекции против кој играме во групата ни се веќе добро познати и анализирани. Тактичко,технички и физички сме спремни. Стручниот штаб си ја заврши работата останува уште тоа да го пренесеме на терен“, истакна Пешевски.

To top