Радио Милева

(ФОТО) Солзи на очите: Ова е најтажната фотографија од кралската венчавка

(ФОТО) Солзи на очите: Ова е најтажната фотографија од кралската венчавка

Дорија Регланд беше единствениот член од семејството на Меган Маркл што присуствуваше на нејзината венчавка и принцот Хари.

Таа за време на церемонијата во капелата постојано беше сама. Камерите го забележаа изразот на нејзиното лице кога ја преплавија емоциите за време на разменувањето на брачните завети, а корисниците на социјалните мрежи се запрашаа дали таа мораше да биде сама за време на церемонијата. Сепак, и за тоа постои причина, бидејќи таткото на Меган беше отсутен бидејќи беше во болница поради срцев удар.

FOTO: PROFIMEDIA

-Секоја чест на држењето. Не е лесно да се остане прибран под лупата на јавноста и тој притисок, напиша еден од корисниците.

Инаку, Дорија, социјален работник и инструктор по јога, и таткото на Меган, Томас, се разведени уште во 1987 година. Дека и недостасуваше друштво се гледаше и на излегувањето од капелата кога ситуацијата се обиде да ја спаси принцот Чарлс кој под едната рака ја држеше Дорија, додека од другата страна беше неговата сопруга, војвотката Камила.

FOTO: PROFIMEDIA

FOTO: PROFIMEDIA
To top