Згодната водителка Милена Антовска која е предана сопруга и посветена мајка ужива во се што прави, па ништо не и паѓа тешко. Но, ТВ убавицата овој пат беше во тешка недоумница и тоа не било кога или за било што туку токму на нејзиниот највесел ден, денот кој со нетрпение го очекува, денот кога го слави нејзиниот роденден, а утрешниот уште порадосен на нејзината ќеркичка Јоана и е роденден, токму на Василица, а се спремаат и за крштевка.
Но, Милена сфати дека овој пат роденденот и се паѓа во петок, а нејзиниот датум во месец јануари, 13 – ти во триесет и шест години за прв пат се погодил на тој ден. Таа падна во тешка недоумница додека ја искажуваше нејзината возбуда за убавиот повод кој со нетрпение го чека и се радува како мало дете:
„ Мислев како стареам нема да се радувам на мојот роденден и нема да правам некоја голема фама околу тоа. Но верувале или не еве 36 ќе полнам јас сѐ уште се радувам како мало дете. Во петок ми е на 13 ти. Дополнително ме прави радосна што утредента на 14 – ти на Василица на Јоана и е роденден, прави една година и ќе правиме крштевка. Јас веќе недела дена наназад зборувам за тоа и не знам колегите како ме трпат нека ми простат…“- сподели таа на својот „Инстаграм“.
Но, одеднаш водителката направи пауза и се сети дека роденденот се паѓа овој пат токму на петок – 13 ти. . . Па, веднаш со негација и со тешко срце изјави колку не сака да помисли што тоа значи и дека верува оти ништо лошо нема да се случи, но сепак не беше сигурна.
Затоа Милена со причина одлучи да направи анкета за да ги праша нејзините следбеници за мислење, на коебелким не и влиаеја малкуте потврдни одговори кои ги имаше?!
„Што убаво пред роденденот се раздвижив“ – со загрижен израз на ликот Милена го дочека долгоочекуваниот ден, па што ќе се случи дали верувањеата навистина се само „бабини деветини“ или не, останува да видиме?!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска