Радио Милева подобро минато, за поубава иднина?

Кристина Димитри мажите ги менува како чорапи: По сопругот и нејзиниот прв соработник ДЈ Боно замина… во историја? (ФОТО)

Кристина Димитри мажите ги менува како чорапи: По сопругот и нејзиниот прв соработник ДЈ Боно замина… во историја? (ФОТО)

Македонската мисица, модел, пејачка… Кристина Димитриевска новата 2023-та ја започнува со нови луѓе. Барем кога е работата во прашање, односно нејзината музичка кариера. Од атрактивната тетовка  навикнавме на изненадувања и промени, особено кога е нејзиниот физички изглед во прашање. Гардеробата, костимите, имиџот, фризурата шминката… и особено нивото на провокацијата која оваа долгонога убавица последнава година ја исфрли во прв план на домашната меинстрим естрадна сцена.

Со секој нов настап следуваше нов предизвик, нова провокација вбризгана во неделна викенд-доза сексапил, кој ги лепеше влажните машки и не само машки погледи за нејзините бујни атрибути, а преку неделата споделените еротски пози на социјалните мрежи само ја надоплнуваа возбудата, зголемувајќи го нејзиното ниво до моменти кога истата беше пуштена на најсилно.

И сето ова во пакет со нејзиниот „верен“ соработник ДЈ Боно, со чии заеднички настапи Кристина Димитри се прочу и прослави… И кога сите мислеа дека тандемот огледан во добитната естрадна комбинација и годинава ќе биде подготвен за уште пожестока естрадна акција, стигна шок изненадувањето. Кристина Димитри во новата година најави нови проекти, нови песни, ама и нов ДЈ?!

„Најзгоден на свет“, како што тетовската „мисица-певачица“ самата го претстави својот нов соработник  со уметничко  име  ДЈ Цецо, кому во документите за лична идентификација му стои Стефан Стојановски!

Од каде апансас желбата за промена, има ли недоразбирања со сега веќе бившиот соработник, дали некому славата преку ноќ му удри во глава, постои ли незадоволство од поделбата на „естрадниот плен“…? Со еден збор, што се случи со стариот естраден ортак, засега Кристина не објасни. Само одненадеж ја најави промената, која белким ќе биде на арно. За сите… И за неа и овој новиот, а и за стариот ДЈ…!?

Очигледно на Кристина Димитри не и е ниту страно, ниту тешко кога ќе и „прекипи“ да посегне по промени! И приватно и професионално, па да заврти нова страница, да започне да пишува нова животна или професионална сторија, а мажите што до вчера биле со неа, да ги испрати на буништето на нејзината животна или естрадна историја?  Подобро минато, за поубава иднина?!

А, ДЈ Боно? „На апарати“ или останува среќата да го прати… соло? Или можеби во комбинација со некоја друга естрадна убавица?

Одговорите наскоро ќе ги дознаете, штом  „професионално разведените“ соработници не почестат со свои изјави!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

 

To top