Луна Ѓогани неодамна стана рекордер во регионот по заработка од Јутјуб платформата заедно со нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ.
Тие во 2022 година заработија вртоглави 100.000 евра од нивните два заеднички канали каде станаа популарни по нивното излегување од „Задруга“.
Луна во една емисија го коментираше својот семеен живот, а на прашањето за нејзините вештини во кујната, таа реагираше засрамено.
View this post on Instagram
Имено, Луна Ѓогани ужива во среќен брак со Марко Миљковиќ, со кој ја доби ќерката Миа, а сега откри детали од нивното секојдневие, и призна каква домаќинка е.
– Се срамам да одговорам на тоа прашање. Беше слава, што знаев, направив, посна руска салата, мезе, дадов се од себе, се останато купивме. Ќе бидам искрена, не сум домаќинка, ги знам најосновните работи, имам дете, треба да знам, но да знаев да готвам, не. Јадеме секакви работи, нарачуваме достава, готвени јадења, правам супа, се снаоѓаме, мораме поради Миа, нешто зготвено, но ништо не ни фали, живи и здрави сме – изјави Луна во „Премиер викенд специјал“.
фото:Инстаграм принтскрин/Луна Ѓогани