Наташа Беквалац, која зад себе има три брака, долго време е без партнер, но признава дека посакува да најде некој паметен! Поп ѕвездата на црногорското приморје во интервију за Курир.рс отворено зборуваше за приватниот и деловниот живот.
Кога би имале магично стапче, каков маж би посакале?
Сфатени и интелигентни, ослободени од суетата и сите лоши работи што не влечат надолу.
Како новосадската барбика ја поминува зимата во Црна Гора?
Како и секоја кукла!
Зошто не продаваш барбики со твојот лик?
Не знам, и мене не ми е јасно.
Каков бизнис би започнала?
Со гаќи!
Дали астролозите некогаш ти погодиле нешто важно?
Да ми погодеа, досега ништо не би згрешила. Ќе знаев каде ќе паднам, па ќе седнев. А вака паднав секаде каде што можев…
Дали некогаш ви пречела некоја лага во медиумите?
Кога станува збор за натписите на медиумите, сè е вистина. Покрај моите вистини, не се потребни лаги.
Како беше последната година за тебе на деловен план, а како беше во приватниот живот?
Многу успешна во бизнисот, а еден од најтешките приватно!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Наташа Беквалац