Убавата Ивана Малиќ, девојката на најпопуларниот српски актер Милош Биковиќ, објави фотографија од бајковито, престижен европски скијачки центар.
Таа ја покажа терасата на нејзиното сместување, покриена со снег како и погледот на белите падини на францускиот зимски центар Вал Д’Изер.
View this post on Instagram
Вал д’Изер е врвно алпско одморалиште во Франција кое воодушевува и исто така има некои од најдобрите скијачки терени во светот. Првично малото алпско село, Вал д’Изер се разви во модерно одморалиште. Стариот град е несомнено убав, со камени градби покрај тесните улици исполнети со снег на врвот од црковната кула.
View this post on Instagram
Го красат шик бутици, врвни хотели и луксузни планински куќи, поради што оваа дестинација е првенствено за оние со длабок џеб. Во ски-центарот има и жив ноќен живот, бројни ресторани, а насекаде владее вистинска модерна атмосфера.
View this post on Instagram
Ивана со актерот е во врска две години, а по потекло е од Црна Гора и по професија е адвокат.
Фото: Принтскрин/Инстаграм