Луна Ѓогани и Анабела Атијас открија какви домаќинки се, како се снаоѓаат во кујната и што подготвуваат за своето семејство во емисијата „Премиер – викенд специјал“.
– Се срамам да одговорам на тоа прашање. Беше славје, тоа што знаев го направив, посна руска салата, мезе, дадов се од себе, се останато купивме. Ќе бидам искрена, не сум домаќинка, ги знам најосновните работи, имам дете, треба да знам, но не знам да готвам . Јадеме секакви работи, купуваме со достава готвени јадења, правам супа, се снаоѓаме, мораме поради Миа, нешто зготвено, но ништо не и недостига, таа е жива и здрава – изјави Луна.
– Готвам барем едно јадење дневно, кога не можам да го направам, нарачувам. Препишував од мама, мама е врвна готвачка, зедов малку од неа, не сум лоша. Готвев за време на пандемијата, сега работам многу – изјави Анабела.
– Во бременоста секој ден доаѓав кај мајка ми и јадев, се здебелив 22 килограми, затоа Миа се роди со 4 килограми и 100 грама – искрена беше Луна. Секој ден се трудам да ги задоволам моите деца, не мора тоа секогаш да биде материјално, може да биде и со игра. Знаете каква е оваа работа, а мене не ми се допаѓа кога луѓето се базираат само на празниците, важно ми е кога некого го радувам цела година – изјави Анабела.
Фото: Принтскрин/ТВ Пинк